Трибунал | Page 4

4
ВО ТЕК Е ДОСТАВУВАЊЕТО ДОКУМЕНТИ ЗА ПРЕСТОЈ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ

4

Започна доставувањето на документите за сместување и престој во државните студентски домови . Сите студенти од втора и повисоките години на студирање на јавните и приватните високо образовни установи во Република Македонија , кои во периодот од 18 јули до 12 август доставиле електронска пријава за сместување и престој во студентски дом во Скопје , документацијата согласно конкурсот потребно е да ја достават до Министерството за образование и наука , најдоцна до 23 август . Оние што конкурирале за сместување во студентските домови во другите градови , потребните документи ги доставуваат до Комисијата за прием и проверка на документацијата во домот за кој конкурираат .
Конечниот список за прием на студентите од втора година и повисоките години ќе се објави на 31 август на огласните табли во студентските домови и на интернет порталот www . smestuvanje . mon . gov . mk . Незадоволните кандидати потоа , имаат рок од 5 дена за достава на приговор . Додека , електронското пријавување на студентите од прва година трае од 20 до 28 август .
Овие студенти , сите потребни документи ги доставуваат до Министерството за образование и наука , односно домовите во кои конкурираат во периодот од 29 август до 2 септември . За нив се наменети 20 % од вкупно 5.612 легла , колку што предвиде годинашниот конкурс . Инаку , вообичаено при распределбата на вкупниот број на расположиви места во домовите , 40 проценти се предвидени за првата група на студенти од поранливите категории , како и деца без родители и родителска грижа .
Деца со посебни потреби , деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош , деца на самохран родител , деца на невработени родители и деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини . 25 проценти од вкупниот број на расположивите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето , а 35 проценти се за останатите категории на студенти .
Повеќе ... ​КОНКУРС ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО ДРЖАВНИТЕ СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ
*************************************************************************************
Весникот го уредива студентска иницијатива во склоп на заводот " Via MK " како непрофитno друштво . Дел од текстот и сликите се дело на студенстски волонтери , доколку наидете на граматички грешки се извинуваме и благодариме за вашето разбирање .
*************************************************************************************