Трибунал | Page 3

3
Дворец од античко македонско време над Демир Капија

3

Дворец од античко македонско време над Демир Капија

Капитален проект на Владата на Република Македонија , Маркова Кула , да се продолжи и понатаму . Се открива дворец од античко македонско време над Демир Капија
Повеќе ... ​Дворец од античко македонско време над Демир Капија
Професор доктор Виктор Лилчиќ , Адамс , директор на Управата за заштита на културното наследство на Македонија и неколку негови соработници , денеска го посетија местото и направија увид во археолошките работи со кои се открива дворец од античко македонско време над Демир Капија .
Марковата Кула која спаѓа во атарот на село Корешница , општина Демир Капија , доминантен рид што во минатото го држеле Пајонските владетели , што во раната антика го зазеле македонските кралеви .
„ Најдовме монети од времето на повеќе македонски кралеви , меѓу кои и на Аминта , таткото на Филип и дедо на Александар Македонски . Тука била изградена тврдина околу сто и педесет метри на околу седумдесет – осумдесет метри и изграден посебно репрезантивен внатрешен дворец од огромни камени блокови , ѕид три метри широк околу , со две северни правоаголни кули . Овој дворец во кој несомнено престојувале и македонските кралеви бил подигнат некаде во првата половина од четвртиот век пред новата ера . Овогодишното истражување на ова место се реализираат преку Археолошкиот музеј на Македонија ( тимовите на директорот Весела Честоева ) и тоа со основни методи на археологијата , површинско рекогносцирање и ископување “, нагласи Лилчиќ Адамс кој е и професор по археологија на Филозофскиот факултет .
„ Почетниот го финансира Управата за зашита на културно наследство преку археолошкиот музеј на Македонија . Со тоа што ќе биде истражувана површината на тврдината . Значи до сега во рамки на првиот спомнат проект под раководство на магистер Орданчо Петров се ископа севернозападната кула на дворецот и тука сега се запира , сега ќе се работи површински , а од наредната 2017 година археолошкиот музеј на Македонија на чело со директорката Весела Честоева ќе организира еден посебен макро проект за реконструкција и осветлување на овој македонски владетелски дворец и подигање на јарбол со македонското знаме “, додаде Лилчиќ Адамс .
Истражувањето на Маркова кула­Корешница е капитален проект на Владата на РМ , кој во координација на Управата за заштита на културното наследатво се реализира од НУ Археолошки музеј на РМ . Раководител на проектот е м­р Орданче Петров од Институтот за старословенска култура од Прилеп .