Заврши проектот „Растеме и учиме заедно 2“ во центрите во Живојно, Добромири,
Гермијан , Далбеговци и Агларци
Со приредба за Нова година и Божик беше означен крајот на шестмесечниот проект на
општина Новаци со кој беа
отворени пет центри за ран
детски развој во
Живојно,Агларци,
Далбеговци, Добромири и
Гермијан. Со овој проект
времено беа ангажирани пет
едукатори и еден
дефектолог . Ова е трет пат
како општина Новаци
реализира проект од
програмата Општинско
корисна работа со помош на
УНДП , Агенцијата за вработување и МТСП на РМ. Претходно успешно го
имплементираше шест
месечниот проект за
неформално образование на
жените албанки и нивно
изучување на македонскиот
јазик а потоа проектот „Растеме
и учиме заедно 1“.„Со
новогодишни приредби на
дечињата во сите пет села го
означивме завршетокот на овој
проект за општинско корисна
работа кој е реализиран преку
УНДП. Им доделивме пригодни
пакетчиња на сите дечиња , а
минатата недела за нив во општината беше изведена новогодишна претстава.
Заинтересираноста кај родителите е многу голема затоа што значи социјализација за
децата од руралните средини заедничко дружење и учење.Општина Новаци ќе продолжи
и понатаму со поддржување на ваквите проекти. “ рече Лазаротевски,градоначалник на
општина Новаци. Како и секоја година така и оваа ,општина Новаци и градоначалникот
Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат
настава во централното и
подрачните училишта „Славко
Лумбарковски“. Новогодишни
пакетчиња им беа поделени и на
социјално загрозените и
многудетните семејства во
општина Новаци.
6