Информатор на општина Новаци 44 | Page 11

Градоначалникот Котевски продолжува со работната посета на Австралија Пред голем број наши иселеници од Мелбурн и околните места на јавна трибина „Дијаспората спремна за 24 април 2016 “ градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, пратеникот од дијаспората Васко Наумовски , претседателот на ЗК ВМРО ДПМНЕ Џими Котевски и претседателот УМС на ВМРО ДПМНЕ Сашо Наумовски одговараа на сите прашања и ги сослушаа идеите на присутните. „ На оваа трибина се сретнавме со македонската заедница од Викторија и пред сите присутни им ја пресликавме македонската политичката сцена во моментот . Исто така како дел од иницијативата на нашата Влада им кажавме на нашите иселеници дека и тие се дел од нашата држава иако не живеат во Македонија и дека сакаме да ги слушнеме и нивните идеи и предлози. “ рече градоначалникот Котевски. Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Австралија на градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски и пратеникот Васко Наумвоски им врачи признание „ Судбината е во наши раце“. Организаторите на оваа јавна трибина која се одржа во Шелдон по трет пат им имаа подготвено големо изненадување на присутните затоа што беа дочекани од „Македонската фаланга“.Последниот ден од престојот во Мелбурн градоначалникот Котевски го искористи да се сретне со иселениците кои живеат во населените места со помал број Македонци , ја посети и општина Џелонг, Викторија.Престојот во Австралија го продолжува со дводневна посета на Перт, а потоа Аделаида, Брисбејн, Канбера и Сиднеј. 11