Информатор на општина Новаци 43 | Page 9

Советот на Општина Новаци ја одржа 42 –та седница Советниците на општина Новаци во рамките на 42-рата седница денеска разгледаа и усвоија околу дваесеттина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Како и секогаш седницата најпрво започна со усојување на записникот од претходната седница.Потоа усвои се предлог- одлука за измена и дополнување на буџетот на општина Новаци за 2015 година, предлогпрограма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на општина Новацви за сезоната 2015/2016 година,3 предлог-одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко-планска документација за КО Новаци.Советниците исто така донесоа предлог-одлука за доделување на еднократна парична помош за талентирани студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија.Советот на општина Новаци го разгледа барањето на Марина Наумовска од с.Новаци за згрижување на кучињата скитници – Одлука за одобрување на средства за згрижување на кучињата скитници. Пред советниците на разгледување се најдоа предлозите на Општина Новаци за едногодишни капитални инвестиции за 2016 година како и развојниот план за комунални дејности на територијата на општина Новаци за период 2016-2018.Советниците при Советот на Општина Новаци разгледаа десеттина барања и тоа : од Здружение за истражување и развој ИТ КРЕАТИВ Битола за одобрување на финансиски средства за реализација на Предлог проект ,,Природата е единствена-друг избор немаме,“ засадување на багреми на локација во општина Новаци, за приклучување на одводот во с.Новаци од Јован Јовановски, од Месна Заедница с.Добровени за чистење на браната Резервоар со водовод и чешма, од Месна Заедница с.Добровени за реконструкција на кровната конструкција на црквата, одлука за одобрување на средства за поставување на аларм и камери на игротеката во с.Новаци, за одобрување на средства за изведување на градежни работи на манастирот Св.Стефан с.Гнеотино, барање од КУД Новаци-Новаци за одобрување на средства за набавка на мари