Информатор на општина Новаци 43 | Page 7

Советот на општина Новаци го донесе предлог буџетот за 2016 година Советот на општина Новаци на денешната 43та седница го донесе најважниот финансиски документ за работењето на една општина а тоа е буџетот за наредната фискална 2016 година. Предлог буџетот на општина Новаци за следната година изнесува 276 885 135,00 денари. Исто така ја разгледа и усвои предлог одлуката за извршување на буџетот на општина Новаци за 2016 година и буџетскиот календар за 2016 година . Советниците донесоа одлука за одобрување на средства за обележување на Новата 2016 година и божиќните празници, предлог одлука за утврдување на бодот за платите на државните службеници, предлог-програма за одржување на јавната чистота на територијата на општина Новаци за 2016 година, предлог програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Новаци за 2016 година и предлог програма за работа на Советот на општина Новаци за 2016 година. На дневен ред на денешната седница се најдоа и неколку дополнувања и тоа: четири предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичкопланска документација за КО Новаци и една за КО Градешница, барање од месна заедница с.Гермијан за набавка на 270 м црево Ф-75 од 6 бари и барање за асфалтирање на улица во с.Новаци во должина од 20 метри. 7