Информатор на општина Новаци 43 | Page 6

Започна асфалтирањето и тампонирањето на улици и патишта во Општина Новаци На почетокот на овој месец започна акцијата за асфалтирањето и тампонирањето на улици и патишта на територијата на Општина Новаци. Годинава според Програмата која е донесена на Совет е планирано со средства од буџетот да се асфалтираат и тампонираат локални патишта и улици во должина од 2,5 км. „Годинава започнавме на почетокот на ноември а планираме до крајот на овој месец да завршиме со асфалтирањето и тампонирањето на предвиденото согласно програмата. Ќе се асфалтира во Далбеговци, Горно и Долно Агларци, Новаци, Гнеотино, Брод, Гермијан, Живојно и друго. Годинава од Буџетот на општината одвојуваме за таа намена 15,3 милиони денари. Тампонирањето ќе се врши на патишта каде не е предвидено асфалтирање и онаму каде што има потреба. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Покрај со средства од општината, ќе се асфалтира и со средства од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ. „ Со средства од АПЗРР годинава ќе се асфалтира локалниот патен правец ГнеотиноБрод во должина од 3,5 км, локалниот пат во должиона од 1 км кој води до манастриот Св.Арханѓел Михаил во Скочивир со што ќе се поврзи со регионалниот пат 2438 и асфалтирање на 1 км улици во Старавина, Арматуш и Зовиќ. “ рече градоначалникот Котевски. Акцијата за асфалтирање на патишта и улици се планира да заврши за еден месец. 6