Информатор на општина Новаци 43 | Page 5

Градоначалникот Котевски во посета на иселениците во Мелбурн Австралија Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е во работна посета на нашите иселеници во Австралија. Во првите денови од неговиот едномесечен престој оствари средба во градоначалникот на општина Вителски, северен Мелбурн, Стив Козмевски кој по потекло е од битолскиот крај. „ По седум осум години еве повторно сум во посета на нашите иселеници во далечната Австралија. Во овие неколку денови колку што сум во Мелбурн остварив средба со мојот колегa Стив Козмевски кој по потекло е од битолскиот крај a e градоначалник на општина Вителски, северен Мелбурн. Разговаравме за понатамошно поврзување на нашите две општини, идна соработка а секако и поканивме многу бизнисмени да дојдат во Македонија. Исто така бев на свечена неделна литургија со нашите иселеници во соборниот храм на Мајката Божја Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн. Оставрив средба со УМС на ВМРО ДПМНЕ Мелбурн. Исто така се сретнав и со генералниот конзул на РМ во Австралија, Бети Коруновска. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Градоначалникот Котевски им додели благодарници на сите оние кои донираа средства за поплавите кои ја зафатија општина Новаци во февруари годинава. Градоначалникот Котевски останува во Австралија до крајот на месец декември при што покрај Мелбурн ќе ги посети иселениците од Сиднеј, Канбера, Аделаида, Бризбејн и Перт. 5