Информатор на општина Новаци 43 | Page 13

Општина Новаци наскоро ќе го пушти деловниот објект во центарот на Новаци Општина Новаци го заврши реконструктивниот зафат на деловниот објект кој се наоѓа во центарот на Новаци. Истиот заради нерешени имотно правни односи беше оставен да пропаѓа и претставуваше грда слика за сите кои доаѓаат во оваа општина. „Овој објект беше во очајна состојба затоа побаравме од Владата на РМ ,односно од УЈП во чија сопственост беше објектот истиот да ни биде отстапен за да можеме да го реновираме.Морам да изразам голема благодарност до Владата и до УЈП за брзата постапка и отстапувањето на сопственоста.Набрзо по решавањето на имотноправните односи пристапивме со градежни работи и по неполна година реконструкцијата е готова. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Зградана на деловен објект има два спрата од кои првиот спрат ќе биде наменет за пензионерскиот клуб, аптека, земјоделска аптека и слично а дел од просториите на вториот кат ќе биде наменет за невладиниот сектор. „ Општина Новаци веќе изврши технички прием на зградата и наскоро ќе биде ставена во употреба. Изведувач на градежните работи беше Техноимпекс. Сите деловни простории ќе бидат огласени за издавање со цел транспарентно да бидат издадени под закуп. Вкупната површина на објекто изнесува околу 600 метри квадратни “ рече Котевски. Општина Новаци има аплицирано за средства за опремување на просториите до Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, средствата се одобрени и наскоро ќе се пристапи кон внатрешно уредување 13