Информатор на општина Новаци 43 | Page 11

Општина Новаци успешно реализираше проект од програмата Еразмус плус за мобилност на младите Тринаесетте учесници во проектот за „Унапредување на вештините и способностите на младите од планинските и руралните области“ во рамките на програмата Еразмус плус, кои беа на 10 дневно студиско патување во Италија му се заблагодарија на градоначалникот Котевски за реализацијата на проектот. „ Општина Новаци во соработка со општините Маглиано Алпи, Фрабоса Сотана и Фрабоса Сопрана од Италија и општина Куенка од Шпанија беше дел од проектот за Мобилност на млади луѓе „ Youth 4 L@B project” од Еразмус плус програмата. Со имплементација на проектот , 13 млади лица од Општина Новаци , на возраст од 18 до 25 години беа на студиско патување во Италија во периодот 30.10 – 8.11. 2015 година.Секој ден им беше исполнет со работилници и се надевам дека тоа што го видоа и научија ќе им послужи во понатамошниот живот . “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Паралелно со промотивната кампања за Еразмус плус програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност , општина Новаци може да се пофали со успешна реализација на проект од овој тип. „ За време на десетте дена во Италија младите луѓе од Новаци се запознаа со млади луѓе на иста возраст од три италијански општини и една општина од Шпанија. Сите заедно имаа можност да посетуваат работилници посветени на занимањата и вештините карактеристични за планински и рурални области како на пример работилница за одгледување и преработка на лешници, правење сирење, готвење, обработка на камен и мермер, производство на органски мед и слично. “ рече Катерина Чукалевска, проектен координатор – Општина Новаци. 11