Информатор на општина Новаци 42 | Page 11

Градоначалникот Котевски во посета на збратимената општина Дуги Рат, Хрватска Двочлена делегација од општина Новаци предводена од градоначалникот Лазар Котевски и советникот Стевче Стевановски е во возвратна четиридневна посета на збратимената општина Дуги Рат ,Хрватска. Целта на посетата е продлабочување на соработката, размена на знаења и искуства и слично. Градоначалникот на неговиот хрватски колега Јерко Роглиќ му додели Благодарница за паричната донација за поплавите и го назначи за Почесен граѓанин на Општина Новаци. „Две години се договараме да остварам посета на Дуги Рат, затоа што градоначалникот Јерко веќе не посети во два наврати, еднаш во 2012 година кога започнавме да се договараме околу збратимувањето и вториот пат во ноември 2013 година кога го потпишавме Меморандумот за збратимување и соработка. На денешната свечена седница на мојот драг пријател му врачив благодарница што донираше 4500 евра за санација на поплавите кои годинава ја зафатија општина Новаци и секако со соодветно признание го назначив за почесен граѓанин на општина Новаци. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Општина Новаци и Дуги Рат се збратимени од ноeмври 2013 години и од тогаш до денес редовно комуницираат и соработуваат. Градоначалникот на оваа хрватска приморска општина ја има посетено Општина Новаци два пати. „Општина Новаци ние прва општина со која сме збратимени и мислам дека не ни треба ниту една друга, затоа што во градоначалникот Котевски препознав навистина добар пријател. Сметам дека нашата соработка уште повеќе ќе се продлабочи и понатаму ќе имаме можност да учествуваме и во имплементација на некој конкретен проект. Аплициравме во неколку наврати но сеуште не сме имале искуство заедно да го имплементираме. “ рече Јерко Роглиќ, градоначалник на општина Дуги Рат Хрватска. Двете општини немаат многу сличности 4-