Информатор на општина Новаци 41 | Page 8

Одржана 11-тата седница на ЦРППР На 31.08.2015 година, во просториите на општина Ресен се одржа 11тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. Според усвоениот дневен ред, членовите на Советот за развој на Пелагонија усвоија Акциски план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион во 2016 година и дополнета приоритетна листа за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот регион во 2015 година. Понатаму, за време на Седницата Градоначалниците ги усвоија измените и дополнувањата на годишниот финансиски план на ЦРППР за 2015 година како и препораките за управување со Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам. 8