Информатор на општина Новаци 41 | Page 3

Пуштена во употреба новата спортска сала во Новаци Општина Новаци доби нова спортска сала благодарение на проектот на Владата на РМ „145 училишни спортски сали во РМ“ кој го реализиара Министерството за образование и наукаСалата ја пушти во употреба премиерот Никола Груевски, заменик министерот за образование Спиро Ристовски, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевкси и директорот на ЦОу „Славко Лумбарковски“ Васко Ристовски. Премиерот подвлече дека оваа спортска сала е дел од владиниот проект со кој 85 веќе се изградени, а 15 спортски сали се во фаза на изградба. „Во изградбата инвестиравме 23 милиони денари . Децата сега имаат нови сали и можност да играат во повеќе спортови бидејќи објектите се оспособени за спортување и тренирање гимнастика, кошарка, ракомет и мал фудбал, истакна Груевски. Тој потсети дека во рамките на овое проекти подобрени се условите за спорт и рекреација на околу 40.000 ученици ширум Македонија“, изјави премиерот Никола Груевски Градоначалникот Котевски истакна дека од овој спортски објект благодет ќе имаат околу 300 деца. „ Салата има површина од 650 метри квадратни , опремена е со најмодерна спортска опрема , спортски помагала, соблекувална, тушеви и други помошни простории со што ќе бидат задоволени потребите за групни спортови како кошарка, одбојка и мал фудбал, но и за гимнастички вежби. Објектот и е отстапен на Општина Новаци и во неа ќе можат да спортуваат, покрај учениците од училиштето „Славко Лумбарковски“ и спортски клубови, спортисти и други кои сакаат да се рекреираат.Општина Новаци понатаму на ова место планира изградба на спортско рекреативен центар и забавен парк со играчки за деца како и отворен базен.“ рече градоначалникот Котевски. Пред учениците, наставниците и присутните гости почетокот на работата на новата спортска сала и важноста на таа инвестиција го поздравија заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски. 3