Информатор на општина Новаци 40 | Page 7

Со финансиска поддршка на АФПЗРР се реализираат 180 инфраструктурни проекти Со финансиска поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе се финансираат 180 инфраструктурни проекти од осум плански региони. Вчера во АФПЗРР на градоначалниците им беа врачени 180 времени решенија за инфраструктурни проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. „Повеќе од општините имаат и по три времени решенија, а максималната вредност на инвестиција, на проект е до 20 милиони денари. Годинава има 208 доставени барања, а 180 во моментов се финасираат како времени решенија“, рече Билјана Вуковиќ, в.д. директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР). Таа информира дека по добивањето на овие времени решенија, општините спроведуваат тендерска постапка, јавна набавка и по склучување на договор со економски оператор доаѓаат во Агенцијата да го склучат договорот за финансиска поддршка. Ја реализираат инвестицијата и ги добиваат парите кои им се надоместуваат 100 отсто. „Учествуваа сите општини, од осум плански региони. Од тоа што беше сработено по административната контрола утврдивме дека соодветни за финасирње се 180 проекти од околу 60-ти