Информатор на општина Новаци 40 | Page 13

Теристичката дезинсекција во општина Новаци Деновиве екипа на Центарот за јавно здравје Битола ја спроведува системската дезинсекција за уништување на комарците и другите штетни инсекти на подрачјето на општина Новаци, како општа превентивна противепидемиска мерка за спречување на појава на заразни болести. „ Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ , а врз основа на одлуката на Советот на општина Новаци во втората половина на месец август на територијата на нашата општина се спроведува превентивна системска дезинсекција како против епидемиска мерка. Дезинсекцијата се врши со три третмани и тоа во месеците јуни-јули-август со интервали помеѓу третирањата од 26-30 дена.“ вели Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Дезинсекцијата ќе се спроведува од земја со апаратура од УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило, на кое ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло .Третирањето ќе се изведува со препаратот АЉУА К-ОТХРИНЕ со активна супстанца ДЕЛТАМЕТРИН. Со оваа превентивна мерка ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на река Црна,подрачјата околу каналскиот систем , локалитетите со застојани водени површини,урбани населби и локалитети предвидени спроред планот и програмата. Заради избегнување на сите несакани последици известени се медиумите,здравствените институции, здруженијата на пчелари и сл.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер и дожд ) дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден. Со реализација на дезинсекцијата се обезбедува елиминација на инфестацијата т.е ефикасно сузбивање на комарците, безбедност за луѓето и животните и висока еколошка одговорност на заедницата. 13