Информатор на општина Новаци 39 | Page 11

Започнува Културно лето „Новаци 2015“ Во понеделник со детскиот летен камп започнува манифестацијата „Културно лето Новаци 2015 “. Ова манифестација се одржува по трет пат и оваа година покрај од општина Новаци е поддржана и од Министерството за култура на РМ. „Општина Новаци секогаш ги поддржува културните настани а оваа година културното лето го финансираме заедно со Министерството за култура. Како и секогаш ваквите настани наидуваат на голем интерес кај локалното население“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Културно лето Новаци 2015 е поддржано од Министерство за култура на РМ во рамките на осмиот „Топол културен бран“ а настаните кои се финансирани од оваа програма се предвидени за втората етапа која ќе се одржи во втората половина од месец август. „Оваа година започнуваме најпрво со детска програма „Летен детски камп“ кој ќе трае 5 дена а ќе учествуваат деца од повеќе општини од регионот на кои ќе им се даде можност да се доживеe летен камп, со активности, игри, спортови и многу забава! .Темата на кампот ќе биде "Around the World" и ќе се однесува на културите и традициите од различни д