Информатор на општина Новаци 38 | Page 10

Втора работилница од проектот за „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓанските здруженија“ Во просториите на општина Новаци се одржа втората работилница за развивање на методологија за распределба на средства од буџетот на општината за поддршка на здруженија. До крајот на имплементацијата на проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓанските здруженија“ треба да се организира уште една ваква работилница а потоа да се изработи модел кој треба да го изгласа СОветот на општина Новаци и по кој во иднина ќе се распределуваат средствата од буџетот на локалната самоуправа до здруќенијата на граѓани. На работилницата учество зедоа претставници на Советот на општина Новаци односно на Комисијата за финансии и буџет, државни службеници ,здруженија на граѓани, спортски и културно уметнички друштва. Присутните на работилницата дискутираа за развивањето на генерална рамка на методологија, за постапката при одлучување за финансирање на предлог проекти, развивање на критериуми со систем на бодување, развивање на унифициран фор