Информатор на општина Новаци 37 | Page 5

Советот на општина Новаци ја одржа 35 –тата седница Советниците од пелагониската општина Новаци денеска со полни раце работа . На одржаната 35- та седница разгледаа и усвоија околу дваесет точки и уште толку дополнувања кои беа ставени на дневен ред. Седницата започна со усвојување на записникот за претходната седница а потоа се усвои Одлуката за утврдување на приоритет проекти (Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на локален пат од н.м. Брод до н.м. Гнеотино,општина Новаци а беше дадена и согласност за инвестирање во изработка на Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на локален пат од н.м. Брод до н.м. Гнеотино,општина Новаци. Иста таква одлука беше донесена и за селата Зовиќ и Старавина За село Арматуш и село Живојно беше донесена одлука за изработка на проект за асфалтирање на локална улица во Арматуш и асфалтирање на пат во должина од 700 метри од селото до манастирот Св.Илија Скочивир. Советниците ја усвоија одлуката за за проширување и измена на распоредот на средства на Буџетот на општина Новаци за 2015 година, предлог-програмата за волонтерство на општина Новаци за 2015 година, а ја дополнија и програмата за изгардба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2015 година.. Советниците одобрија неколку барања и тоа:на М.З. с.Д.Орехово за поставување на 1 цефка од 6м Ф50 и 2 камиони тампон , барање од Здружение на граѓани ,,Новак 2014,, с.Новаци за учество во проект за засадување на зелен појас околу Новаци, .Исто така беше донесена одлука за доделување на еднократна парична помош на физичко лице за опожарена штала во с.Добромири,барање од М.З. с.Гермијан за одобрување на средства за набавка на матерјали, одобрени беа средства за организирање на 6-тата Џип Турнеја Мариово 2015 година за Здружение за запознавање и патување ,,Џип Турнеја-Мариово,“, одобрена беше еднократна парична помош за лекување-операција. Советот на општина Новаци го усвои Стратешкиот план за локален економски развој 2015-2019 година како и сопствено учество во продолжението на проектот ,, Растеме и учиме заедно II“ од програма општинско корисна работа во висина 127.320,00 денари. И оваа година главен покровител на манифестацијата „ Македонска етно венчавка “ ќе биде општина Новаци, затоа што им беше усвоено барањето за финансиски средства на Центар за едукација и негување