Информатор на општина Новаци 37 | Page 11

Прославен Св.Никола Мириклиски во Суводол Манастирот Св.Никола во Суводол денеска го славеше своејот празник. Голем број верници присуствуваа на светата божествена литургија која тука се служеше како и вработените во РЕК најголемиот прозиводител на електрична енергија во Македонија. „Св.Никола е празник кој го слават најголем број верници односно овој празник најчесто е биран за куќна слава. Денеска е Св.Никола Мириклиски или Чудотворец а меѓу народот е најпознат како летен Св.Никола. Воедно овој празник е слава и на истоимениот манастир во Суводол.Секогаш кога сум слободен доаѓам тука и заедно со вработените во РЕК како и жителите на општина Новаци го прославуваме.“ вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски е славен Божји светител кој се слави низ сиот свет. Славен е како од Православните, така и од другите христијани и иноверци: муслиманите од Турција исто така многу го почитуваат овој светител. Зел учество на Првиот вселенски собор во Никеја, каде од ревност го нападнал еретикот Ариј. Најстарото житие за него потекнува од 10 век.Роден е во градот Патара, Ликија (на јужниот брег од Мала Азија), како единствено и измолено од Бога дете на верните, богати и угледни родители Теофан и Нина, кои решија да Му го посветат на Бога, принесувајќи Му така дар. Уште со самото негово раѓање, Светото Предание му припишува чуда. Неговата мајка, Нона, чудесно се излечила од болестите откако го родила. На денот на неговото Крштевање, без човечка помош стоел на своите нозе три часа, за што подостојно да ја прослави Пресвета F B