Информатор на општина Новаци 36 | Page 7

Започнаа активностите за проширување на хидросистемот за наводнување Со потпишување на меморандум за соработка помеѓу двете пелагониски општини Новаци и Могила и ЈП Стрежево започнаа активностите околу изградбата на системот за наводнување на новачко поле.Сето ова може да започне уште годинава ако за тоа дозволат временските услови, односно високите подземни води по обилните врнежи и поплавите на почетокот на годината. Во првата фаза системот ќе се прошири на површина од 600 хектари, за што веќе се обезбедени околу 700.000 евра. “Втората фаза е врзана со проектирање за проширување на системот на нови 1.400 хектари кои ќе директно вклучени на нашиот систем. За реализација на втората фаза потребни се околу 4 милиони евра и тие се обезбедени од Владата на Република Македонија од програмата за капитални инвестиции. Во општина Могила имаме физибилити студија која овозможува приклучување на општината на системот „Стрежево“, а вредноста на т