Информатор на општина Новаци 36 | Page 4

2.Во тек е изградбата на спортската сала во Новаци и ова е прв ваков спортски објект во нашата општина. Изградбата е во завршна фаза и се надеваме дека истата ќе биде ставена во употреба до крајот на учебната година. Од овој спортски објект ќе имаат благодет околу 300 деца. Спортската сала во Новаци е дел од владиниот проект за изградба на 145 училишни спортски сали. Салата ќе има површина од 650 метри квадратни, ќе биде опремена со најмодерна спортска опрема, спортски помагала, соблекувална, тушеви и други помошни простории и ќе биде оспособена за повеќе видови спортови. Изградбата на салата чини 24 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на РМ и заем од Банката за развој при Советот на Европа. Покрај спортската сала во Новаци веќе е изградено повеќенаменско игралиште со средства од Агенција за млади и спорт на РМ. Овде се планира изградба на спор