Информатор на општина Новаци 36 | Page 3

Топ седум капитални проекти на општина Новаци На прес конференција градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ги презентираше најважните топ 7 проекти кои се во почетна или завршна фаза на реализација. Ова е интегралниот текст за одржаната прес конференција со сите информации за проектите на Општина Новаци. 1.Првиот проект од листата на топ 7 проекти е реконструкцијата на деловниот објект кој се наоѓа во центарот на с. Новаци. Овој објект беше во очајна состојба оставен да пропаѓа на забот на времето, затоа што не беше во сопственост на општина Новаци. Секој кој доаѓаше во општина Новаци мораше да помине покрај овој објект а така руиниран оставаше многу лоша слика. Затоа побаравме од Владата на РМ ,односно од УЈП во чија сопственост беше објектот истиот да ни биде отстапен за да можеме да го реновираме. Морам да изразам голема благодарност до Владата и до УЈП за брзата постапка и отстапувањето на сопственоста. Набрзо по решавањето на имотноправните односи пристапивме со градежни работи и по неполна година реконструкцијата е при крај. Првиот спрат се деловни простории каде ќе биде сместен пензионерскиот клуб, ќе има аптека, земјоделска аптека а другите простории кои ќе се издаваат под закуп. Вториот кат ќе им биде отстапен на невладиниот сектор од општина Новаци поточно на Културно Уметничкото Друштво,Културно Иновативниот Клуб и Младинскиот центар 3