Информатор на општина Новаци 36 | Page 14

Македонска традиционална трпеза Општина Новаци беше дел од манифестацијата „Македонска традиционална трпеза“ во Организација на жени Битола и Вкусот на традицијата. Целта и идејата на оваа манифестација е да се промовира македонската кујна но воедно и се оддаде почит и признание на македонската жена која ги преточува обичаите во најубавите трпези со историски прикази и посветеност. „Секогаш кога се вреднуваат македонските обичаи, традиции и македонските јадења општина Новаци со драго срце прифаќа да учествува и да биде спонзор. Таква беше и оваа манифестација која беше навистина посетена и имаше што да се види. Само со вакви настани ќе можеме да го продолжиме она што ние аманет од нашите претци и да им го пренесеме на нашите идни поколенија“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. По свеченото отворање беа изложени сите прекрасни македонски јадења и трпези за посетителите а потоа следуваше и доделување на награди и признанија за најдобрите и најупешните учесници на оваа манифестација. 14