Информатор на општина Новаци 35 | Page 4

Отворена канцеларија на локалната акциона група Пелагонија со седиште во Новаци Во присуство на претставници од Мисијата на Швајцарија, УСАИД, локалните самоуправи и градоначалниците, како и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, свечено започна беше отворена канцеларијата на ЛАГ -от ПеЛАГонија со седиште во општина Новаци.Овие Локални акциони групи во иднина преку препознавање на приоритетите за развој на регионите, треба да реализираат проекти од интерес за средината во која работат и функционираат.Приоритетот на пелагонискиот микрорегион е ставен на развојот на малите бизниси и изработка на проекти кои ќе го помогнат животот на населението од руралните средини.„Пред една година со пелагонискиот регион финансирано од УСАИД бевме во Хрватска и видовме како таму работат ЛАГОВИТЕ. По една година сега и овде имаме нивно формирање со што ќе се подобри преку нив локалниот економвски развој“ рече градоначалникот на Општина Могила Стево Пивковски.„Отворањето на овој ЛАГ за нас од Новаци е од особена чест но и обврска со која ќе се развиваат малите бизниси и ќе се имплементираат различни проекти како капка по капка и други“ рече секретарот на Општина Новаци Стевче Ангелевски.Иницијативата и формирањето на Локалните Акциски Групи се реализираше преку Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион со финансиски поддршка од УСАИД, Карана Корпорацијата и Швајцарската Развојна Агенција.„Министерството за земјоделство кое е носите на мерките за имплементација на лидер пристапот, е наш партнер и во моментов во националната програма за рурален развој е отворена мерка за поддршка на проекти кои што треба да се реализираат од лаговите“ рече директорката на ЦРППР Емилија Ѓероска. 4