Информатор на општина Новаци 34 | Page 10

Градоначалникот Котевски свика итна седница на Советот На барање на градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски денеска се одржа итна седница на советот на која се расправаше за актуелните состојби со поплавите во општина Новаци. На дневен ред пред советниците се најдоа неколку документи и тоа: разгледување на моменталната состојба во општина Новаци предизвикана од поплавите а беше донесена и одлука за спроведување на мерки за системска дератизација и превентивна дезинсекција. „На денешната седница се донесе одлука за покривање на трошоците настанати од активностите за превенција и санирање на поплавите на територијата на општина Новаци, ангажирањето на механизација, набавка и транспорт на градежни материјали – тампон,набавка на гориво, сместување на загрозените,сместување на лицата кои помагаат од други градови, ангажирање на пумпи за одводнување, набавка на прехрамбени производи, пијалоци и средства за хигиена и други потребни материјали. Исто така беше речено дека советниците ќе донираат едномесечен надоместок а јас ќе донирам 20 000 денари за санирање и помош за поплавите. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Котевски очекува дека дел од горенаведените трошоци ќе се покриваат од донации, помош од Владата како и буџетот на општина Новаци. На триесеттата седница на Советот на општина Новаци се донесе одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Новаци за 2015 година . Советниците го усвоија извештајот за извршениот редовен попис на општина Новаци со состојба 31.12.2014 година, направен од централната пописна комисија. 10