Информатор на општина Новаци 32 | Page 9

Жителите на општина Новаци приоретизираа 24 проекти кои ќе влезат во Буџетот за 2015 година Жителите на општина Новаци кои во изминатите два месеци вредно работеа на петте форумски сесии изгласаа вкупно 24 приоритетни проекти од осум буџетски програми кои локалната самоуправа ќе ги испланира во буџетот за 2015 година. Целта на програмата е планирање на општинскиот буџет за следната година во консултација со граѓанството во зависност од нивните потреби.„Приоритети се локалната инфраструктура, односно изградбата на патиштата, водоводните системи, канализационите системи како и помали проекти кои ќе се трудиме да ги вклопиме во буџетот“ - изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци .Општина Новаци брои 41 село, но и покрај тоа што пограничниот и мариовскиот дел се поретко населени, градоначалникот Котевски додава дека и нивните потреби се остваруваат.„Во тој дел имаме локален водовод, а во поголемите села каде што има население кое се занимава со сточарство имаме предвидено да им се овозможат водопоила за стоката“ - пренесе Лазар Котевски, градоначаник на општина Новаци Предлозите кои граѓаните ги даваат на форумите на заедниците се прифаќаат 90-95 %, додава општинскиот координатор на програмата.„Општина Новаци и градоначалникот Котевски имаат слух за потребите на граѓаните, бидејќи од 25 предлози во сесија скоро сите се прифатени само два три предлози се одбиваат и тоа незаради неможноста да се реализираат туку заради големината на финансиската конструкција која неможи да биде испланирана во соодветнаа буџетска програма но тоа незначи дека нема да се бараат средства и да се аплицира во други фондови за нивна реализација. Присутноста се движи околу 80, 90 на секоја форумска сесија и не радува фактот што повеќето се жени а тоа е особено важно за донаторот.“ - истакна Катерина Чукалевска, општински координатор на програмата Форуми на заедницата.Граѓаните се задоволни од досега постигнатото на форумските заедници, доаѓаат редовно н а сите форумски сесии бидејќи сакаат да бидат слушнати и прашани за тоа што ним им е потребно. „Имавме предлози и повеќето беа прифатени. Предложивме во Горно Агларци да се направи пешачка патека, да се реконструира училиптето, како и да се постави осветлување во селото. Сите предлози беа прифатени“ - рече Анабела Петковска, дел од работната група за животна средина.Општина Новаци оваа година заедно со уште девет општини ја реализира програмата „Форуми во заедницата-буџетски форум“ кој е финансиран од Швајцарска аген ција за развој и соработка а поддржан од .Последната сесија од Буџетскиот форум ќе се одржи во септември, наредната година, на која ќе се сублимираат резултатите од сработеното. 9