Информатор на општина Новаци 32 | Page 8

Нема опасност од излевање на Црна река Состојбата на водостојот на Црна река се следи, но засега нема опасност од излевање, смируваат од Дирекцијата за заштита и спасување. И од јавното водостопанско претпријатие Битолско поле велат дека пред време се направени потребните работи за да се спречи евентуално поплавување на Пелагагонија. Градоначалникот на Новаци вели дека будно ја следат ситуацијата и засега нема опасност по полето. Иако врнежливиот период е погоден за есенската сеидба обилните дождови ја одложија седибата на пченицата како и бербата на пченката. Состојбата била различна во регионите. Земјоделците се уште не можат да влезат во своите парцели со механизацијата, велат од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието. Пред две години општина Новаци заради наглото топење на снегот и врнежливиот период мораше да се справува со поплави на 2.000 хектари обработлива земјоделска површина. 8