Информатор на општина Новаци 32 | Page 6

Општина Новаци го донесе Буџетот за 2015 година Советот на општина Новаци на трета седница по ред овој месец го донесе најважниот финансиски документ без кој локалната самоуправа неможи да функционира а тоа е буџетот за 2015 година. „Вкупниот буџет на општина Новаци изнесува 225 398 311 денари од нив отпаѓаат на основен буџет 184 240 287 денари, на дотации 23 299 000 денари, на донации 14 677 500 денари, кредити 3 061 524 денари и самофинансирачки активности 120 000 денари. Имаме пледвидено 4 развојни програми , а дадени се проекциите и за 2016 и 2017 година. Знаете дека општина Новаци ја реализираше програмата Форуми во заедницата –Буџетски форум и во голема мера се вклучени и испланирани во буџетот за 2015 година и предлозите на граѓаните. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Покрај Буџетот и Одлуката за извршување на Буџетот за 2015 година, советниците донесоа решение за избор на претседател и членови на Комисија за попи,одлука за давање согласност на предлог програмата за работа на ЈКП „Комунална хигиена“ за 2015 година, одлука за давање согласност на локалниот акционен план за 2015 година на комисијата за еднакви можности на мажите и жените во општина Новаци. Советот на општина Новаци ги разреши старите членови на Советот за заштита на потрошувачи и именува нови, ги разгледа доставените извештаи за искористените средства за 2013 година на здруженија на граѓани, спортски,технички и научни друштва, наменски дотации за културно ументички манифестации и друго.Како дополнувања на денешниот дневен ред беа ставени и предлог одлука застратегиска оцена и предлог одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичка планска документација. 6