Предновогодишен концерт на класична музика
Викендов во концертната сала во Општина Новаци се одржа предновогодишен концерт на
класична музика во изведба на младиот и талентиран пијанист Иван Трајковски.Иван
Трајковски е студент во втора година на Факултетот за музичка уметност во класата на
проф.Марија Ѓошевска.
Градоначалникот Котевски истакна дека овие концерти се новост во општина Новаци но го
радува посетеноста и интересот кој се јавува кај локалното население за вакви настани.
„ Ме радува фактот што ваквите концерти го нтересираат локалното население а тоа се
гледа од посетеноста.Со ваквите концерти се обидуваме да воведеме еден нов и
несекојдневен вид на музичка уметност кој сакаме да го доближиме до нашите
сограѓани.Општина Новаци пред Нова година организира многу настани особено
новогодишни театарски претстави за најмладите како и детски приредби на учениците и
дечињата од игротеката. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Општина Новаци годинава за прв пат организира дочек на Новата 2015 година со богата
културно уметничка програма, бројни естрадни уметници, бесплатно мезе, ракија,ќебапи и
огномет.
21