Информатор на општина Новаци 32 | Page 18

Градоначалникот Котевски денеска им подели новогодишни пакетчиња на дечињата во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци Како и секоја година така и оваа ,општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во централното и подрачните училишта „Славко Лумбарковски“. „Локалната самоуправа со цел да им ги разубави новогодишните и божиќните празници обезбеди новогодишни пакетчиња за дечињата.Тоа ние традиција и го правиме секоја година бидејќи дечињата како најмали жители на општината заслужуваат најголемо внимание и подобри услови за живот.“ рече градоначалникот Котевски. Новогодишни пакетчиња им беа поделени и на социјално загрозените и многудетните семејства во општина Новаци. Градоначалникот Котевски и Дедо Мраз пакетчиња им поделија и на дечињата од Центарот за ран детски развој „ Бамби“ од Новаци, трите игротеки во Живојно,Агларци и Добромири и во подвижната игротека во Гермијан каде присуствуваа и на новогодишна приредба. 18