Информатор на општина Новаци 32 | Page 13

Градоначалникот Котевски оствари средба со претставници на лагот ПеЛАГонија чие седиште е во Новаци Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со претседателката на здружението на граѓани ПеЛАГонија Светлана Петковска, дел од членовите на управниот одбор Горѓи Јошевски и Менде Трајковски, и претставникот на општина Новаци во лагот Катерина Чукалеска. „Денеска се сретнав со претставниците на ЛАГ-от кој е формиран пред шест месеци со седиште во Новаци. Тие ме информираа за самото здружение, поставеноста, ме запознаа со плановите кои ги имаат за следниот период, начинот на работење и функционирање, можноста за аплицирање со проекти во различни фондови и сл. “ информираше градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Локалната акциона група ПеЛАГонија е формирана благодарение на проектот за експанзија на мали бизниси ЕУ Леа дер на Пелагонискиот плански регион а во неа покрај општина Новаци се вклучени и Могила и Демир Хисар како и невладините организации од Битола како претставници на руралниот дел на општина Битола. Леадер Пелагонија има за цел да овозможи подобар живот за жителите на анеселените места и решавање на заедничките проблеми нудејќи заеднички решенија спроведени од локалното население. 13