Информатор на општина Новаци 31 | Page 8

Прва форумска сесија за планирање од програмата Форуми во заедницата-буџетски форум во Новаци Во присуство на стотина жители на општина Новаци,десеттина пишани и електронски медиуми, општинската администрација предводена од градоначалникот Лазар Котевски и претставници на Советот се одржа првата форумска сесија во рамки на програмата „Форум во заедницата – буџетски форум“. Целта на овој проект е планирањето на буџетот на општината за 2015 година во согласност на потребите на жителите од оваа општина.Преку реализацијата на оваа програма, општина Новаци добива можност на еден транспарентен начин да ги утврди приоритетите на жителите и согласно тоа да го испланира трошењето на граѓанските пари. „Ваквите средби се одлична алатка за креирање на буџетот за 2015 година и општината ќе води сметка за потребите на граѓаните. Приоритет во идната година повторно ќе им се даде на инфраструктурните проекти , патишта, водовод и канализација. Всушност тоа се потребите на месното население за кои општината дознава преку средбите што градона FB