Информатор на општина Новаци 31 | Page 4

Чистењето на Црна Река-приоритет за заштита од поплави во Новачко поле Општина Новаци постојано ја следи актуелната состојба со поплавите кои доста често знаат да ги зафатат обработливите површини. Се интервенира на чистење на каналската мрежа и се преземаат засилени мерки заради најавеното зголемено количество на врнежи во следниот период. Еден од најгорливите проеблеми е неисчистеното дно на речното корито на река Црна. Иако каналите се чистат редовно, неисчистената река Црна години наназад претставува вистински проблем за жителите на општините Новаци и Могила. Само системско и целосно чистење на оваа река може да ја намали опасноста од поплави во пелагонискиот регион. „ Нивото на река Црна изнесува 2 метри а максимумот кој претставува аларм за опасност изнесува 3,5-4м. Но и покрај тоа што засега се е во ред ја следиме состојбата со каналите, а претходно спроведовме и акција на чистење на 9-от и 10-от канал, кои врват низ целата територија на општина Новаци.Затоа е неопходно детално чистење на дното на реката бидејќи не е чистено со години и е некаде околу 1-1,5 метар повисоко од основното." изјави Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци Битолскиот регион на Пелагонија има околу 135 километри каналска мрежа. До оваа година се исчистени 105 километри, а деновиве фирма која не е од Битола го доби тендерот за чистење на преостанатата каналска мрежа, со што, почнувајќи од 2006 година, 135-те километри ќе бидат целосно исчистени. Од следната година, повторно ќе треба да се започне со темелно чистење, но во надлежност на Јавното претпријатие Битолско поле. „Оваа година ќе се чисти 3-тиот, 4-тиот, Агларски канал и Ивањевски канал. До 2012 година каналите се чистеа со нафта од стоковите резерви во надлежнсот на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи“ рече Димче Јошевски, од дирекцијата за заштита и спасување. Паралелно со чистењето на каналите, чиј надзор засега го врши битолското водостопанско претпријатие, се чистат и терцијалните канали со багери во селата од општините Могила и Новаци. По потреба, при поплави, во акциите се вклучуваат и битолските јавни претпријатија Нискоградба, Водовод и Стрежево. Во меѓувреме, покрај природните фактори, човечкиот фактор има големо влијание во затнувањето на каналите. Жителите често пати ги користат како депонии и во нив фрлаат ѓубре. „Не може некој да чисти а некој да затрупува. Имавме такви случаи, но свеста и совеста кај луѓето е на повисоко ниво и знаат дека тоа е за нив“ вели Котевски. За реките во земјава надлежно е Министерството за животна средина. Според пишувањата на Дневник, годинаваМинистерството за животна средина најмногу нафта определило за градот Битола за чистење на речното корито на Драгор и на Црна Река. Општината веднаш доставила допис до министерството дека коритото на Црна Река не влегува во територијата на градот Битола и дека дел нафтата треба да се прераспредели на надлежните. Ваквиот допис го потврдиле и од Министерството за животна средина. Според сегашното темпо на испорака, можно е чистењето на Црна Река да почека уште речиси две години. Според познавачите иако врнежливиот период е погоден за есенската сеидба дождовите ја одложиле седибата на пченицата како и бербата на пченката .. Пред две години општина Новаци заради наглото топење на снегот и врнежливиот период мораше да се справува со поплави на 2000 хектари обработлива земј