Информатор на општина Новаци 31 | Page 11

Предавање за паушалното одданочување на земјоделците Општина Новаци во соработка со подрачната канцеларија на Управата за јавни приходи и МЗШВ на земјоделците им организираше едукативно предавање за потребата од пријавување на паушален данок за остварени приходи од земјоделска дејност. Вршителите на земјоделска дејност чиј приход во 2014 година не надминал 1 милион и 300 илјади денари имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално без разлика дали земјоделието им претставува основна или дополнителна дејност.Регистрацијата за паушално одданочување им овозможува персоналниотр данок да го плаќаат еднаш во годината и да немаат дополнителни трошоци за водење на деловни книги. „До крајот на 31 јануари 2015 година земјоделците имаат рок да поднесат барање во УЈП за паушален данок или пак да испратат електронска апликација. Барање имаат обврска да поднесат сите кои имаат било какво приход од земјоделство – оние што продавале земјоделски производи и оние што издавале ниви, а ослободени од плаќање се само оние кои во текот на една календарска година немаат остварено приход поголем од милион и триста илјади денари.Со цел подобро да ги информираме како да постапат кои се нивните права и обврски денеска во соработка со претставници на УЈП организираме една информативна средба со земјоделците.“ вели Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Земјоделците кои веќе се регистрирани и имаат даночен број треба да поднесат само барање за паушално одданочување.За земјоделците кои спаѓаат во оваа категорија се предвидени одредени даночни олеснувања односно оние земјоделци на кои земјоделието им е основна дејност целосно ослободување, доколку приходот во 2014 година изнесува до 300 000,00 денари или 20% данок доколку остварените приходи се над 300 000 до 1,3 милион денари.Земјоделците кои оваа дејност ја имаат како дополнителна на остварените приходи ќе платат данок во износ од 20 % а ослободени се од плаќање данок за добиените субвенции од државата. 11