Информатор на општина Новаци 30 | Page 6

„Делегација на општина Новаци цела недела беше на студиско патување во Долна Нормандија со цел понатамошни активности и соработка за развивање на т.н меморијален туризам. НПосетата се одвиваше во рамките на соработката со Македонија по повод двата големи историски настани – 70 години од Истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија и 100 години од Првата светска војна во Македонија.На средбите присуствуваа експерти од двете земји кои работат во доменот на вреднувањето и инвентаризација на материјалното и нематеријалното историско наследство со цел да се поттикне дискусија за креирање на политика на локален развој во Македонија,поврзана со Првата светска војна и вреднување на историските локации на т.н „источен фрон“ кој во голема мера се водеше на територијата на општина Новаци. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Претставниците на општина Новаци воспоставија првични контакти со градоначалникот на општина Коломбел,г-динот Марк Потје со кои понатаму ќе се развие соработка на тема меморијален туризам и не е исклучена и можноста за збратимување. 6