Информатор на општина Новаци 30 | Page 14

Посета и средба со жителите на селата Добромири и Новаци Редовната практика на остварување средби со жителите на населените места кои спаѓаат во општината на градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски продолжува понатаму. Синоќа разговараше со месното население на Добромири и Новаци. „ Денеска ги посетив Новаци и Добормири, разговарав со месното население, ги слушнав нивните проблеми и потреби и се надевам дека во следниот период дел од најнеопходните ќе бидат решени.Жителите на Добормири побараа да се реши проблемот со појавата на глувци на земјоделските површини,да се тампонираат некои полски патишта, да се постави мост на бетонскиот канал кој врви низ селото, средство за забавување на брзината на сообраќајот пред училиштето, да се доизгради тениското игралиште и соблекувалната, да се ограничи носивоста на тешките товарни возила кои се движат по регионалниот пат НовациДобромири.“ рече Котевски По средбата со Добромирчани,градоначалникот Котевски разговараше со неговите сожители од Новаци.„Жителите на Новаци пак побараа тампонирање на полски патишта, поставување на вага, организирање на откуп на жито, изградба на капела, асфалтирање на неколку улици во Новаци, доизградба на атмосферската канализација, пренасочување на водата кај стадионот бидејќи многу често се поплавува и слично. “ рече градоначалникот Котевски. Предходниот викенд градоначалникот се сретна со жителите на Горно и Долно Агларци, Далбеговци и Рибарци.Ги информираше за поголемите и покапиталните проекти на општината како системот за наводнување, спроведувањето на топлификација и слично. 14