Информатор на општина Новаци 30 | Page 12

Започна акција за поставување столчиња на трибините на стадионот на ФК Новаци Општина Новаци започна акција за поставување столчиња на трибините на стадионот на ФК Новаци во Новаци.Станува збор за 300 столчиња кои се обезбедени од Агенција за млади и спорт на РМ. „Денеска ја започнавме акцијата на поставување на столчиеа на постоечките трибини на стадионот на ФК Новаци од Новаци. Агенцијата за млади и посрт на РМ ни донираше околу 300 пластични столчиња кои не се нови но сепак нас како рурална општина многу ќе ни значат бидејќи трибината немаше вакви реквизити. ФК Новаци до минатата сезона се натпреваруваше во втората македоснка фудбалска лига а сега е во третата но ова многу ќе му значи на нивната верна публика која ги следи натпреварите. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Поставувањето на столчињата е во соработка со КЈП „Комунална хигиена“ Новаци 12