Информатор на општина Новаци 29 | Page 11

Петтиот поетски караван „Почувствувај ја Македонија“ во Паралово, Општина Новаци Друштвото на писатели на Македонија и младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ во соработка со општина Новаци и Културно иновативниот клуб во неделата го одржаа петтиот настан од поетскиот караван при проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“. „Општина Новаци и јас како прв човек на оваа локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите и слични настани кои пред се значат промоција на општината. Причина повеќе е и хуманата мисија која ја шири и ја прави.Настанот претставува едно убаво и плодно дружење во ова историско место.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. По Дебар, Охрид, Прилеп и Штип, следува Новаци. Настанот се одржа на 14 септември, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ – с. Паралово, со почеток во 12 часот.На овој настан, своја поезија читаа:Елизабета Јончиќ, Живко Новески,Весна Мундишевска, Радован П. Цветковски, Андрија Дојчиновски,Гордана Михаилова Бошнакоска, Кире Неделковски, Мирјана Стојановска,Панде Манојлов,Билјана Т. Димко, Зоран Пејкоски, Никола Илијовски и Милица Димитриовска Радевска. Програма на овој настан беше збогатена со кратко предавање на тема „Св. Ѓорѓија и борбата со ламјата“на проф. др. Лидија Стојановиќ Лафазановска, Проф. Вера Стојчевска Антиќ направи осврт на животот и делото на Ѓорѓи Сугаре, Мите Грозданов изведе монодрама,хуманистот Живко Поповски – Цветин од Паралово испрати цветни пораки за мир. Програмта беше збогатена и од млади таленти:апсолвентот Менде Мацанковски на факултетот по музичка уметност ја изведе „Ave Maria“, Ангела Јончиќ го изведе рециталот на великанот Петре М. Андреевски а музичкото дуо Signature составено од од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара се претстави со свој пе