Информатор на општина Новаци 28 | Page 7

Изложени делата од македонско-грчката колонија Триесеттината дела кои беа создадени во текот на 15 дневата македонско-грчка ликовна колонија беа претставени пред јавноста на изложба во Битолската Магаза.Уметничката програма е дел имплементирањето на проектот за заштита на културно историско наследство „Жива историја,жива природа“ од ИПА Програмата за прекугранична соработка МакедонијаГрција 2007-2013. „Денес во Магазата се изложени делата на 8-те македонски и 6-те грчки уметници кои 15 дена твореа во Мариово. 14 уметници од повеќе профили, преку своите дела ги облагородија убавините и културното богатство на Мариово. Кон крајот на август наши 6 уметници од Новаци ќе заминат на 10 дневна ликовна колонија во Алмопија, која исто така ќе заврши со изложба“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. На отворањето на изложбата покрај градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски присуствуваше и градоначалникот на Алмопија, Пасоис Димитриос. „Овој проект ќе продолжи и понатаму да се рализира а ќе опфаќа изградба на плоштад во селото Аетохори, потоа обнова на една византиска црква, обнова на мост во Аетохори и возобновување на бањите во Пожарско Лутраки. “ рече Димитри Пасоис,градоначалник на општина Алмопиа. 7