Информатор на општина Новаци 27 | Page 8

15 дечиња од Бамби заминуваат во прво одделение Со музика и журка, торта,колачи и доделување на пофалници беа испратени 15-те дечиња од Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци во идните нови образовни авантури во прво одделениеГрадоначалникот Лазар Котевски лично им посака успех во понатамошното школување и им додели пофалници. „Годинава испраќаме 15 дечиња од игротеката Бамби во прво одделение односно своето образование ќе го продолжат во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци. Многу сме задоволни од нивниот развој во игротеката особено од залагањето на образовниот персонал а посебна благодарност на родителите кои секој работен ден ги носеа децата во центарот.Ова е особено важно за нивниот ран детски развој и социјализација F B