Информатор на општина Новаци 27 | Page 3

Свечено пуштена во употреба реновираната сала во општина Новаци Во присуство на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски,волонтерот на Мировниот корпус на САД,Хана Траскот и претставници од НВО секторот од општина нОваци со пригодна свеченост и приредба на КИК и КУД Новаци беше свечено пуштена во употреба салата во општината. „Го завршивме реновирањето на општинската сала која се користи многукратно во текот на годината за разни манифестации, културни настани, претстави и други збиднувања.За таа намена потрошени се околу 500 000,00 денари средства издвонени од буџетот на општината додека соблекувалната и канцеларијата наменета за младинскиот работен центар се реновирани со средства од Мировниот корпус на Америка односно околу 4000 долари. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Салата во општината е простор кој многу се користи особено за разни културни манифестации,претстави,други собири за потребите на општината, ја користат од КУД Новаци и Културно иновативниот клуб, па заради тоа неопходно беше нејзиното реновирање.Реновирањето на салата опфаќаше демонтажа на пластична ламперија и нејзина замена со нова, замена на старата и дотраена дрвена дограма со нова ПВЦ, оспособување на соблекувална во задниот дел од салата, поставување на нова електрична инсталација,вентилационен систем, осветлување и озвучување, промена на стариот под со нов од линолеум, набавка на театрална завеса со механизам и сл. 3