Информатор на општина Новаци 26 | Page 6

Започнаа со работа игротеките во Живојно,Горно Агларци и Добромири Започнаа со работа трите игротеки во населените места:Живојно,Горно Агларци и Добромири кои ќе едуцираат и ќе влијаат на раниот детски развој на 50 дечиња на претшколска возраст.Станува збор за шестмесечен проект „Растеме и учиме заедно“на општина Новаци преку програмата за Општинско корисна работа поддржана од УНДП,АВРМ и МТСП. „Денес започнуваат со работа три воспитувачи во три игротеки преку проектот за ран детски развој.Проектот ќе трае 6 месеци и во зависност од заинтересираноста на родителите и децата постои можност за негово продолжување.Постои голема заинтересираност и во други села сега засега започнуваме со овие села а понатаму ќе отвориме игротеки и во други. Голема благодарност до родителите кои ги донесоа воите деца, ние ќе настојуваме да им обезбедиме одлични услови за престој и работа, општината ќе продолжи и понатаму да ги финансира ваквите активности и иницијативи. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.Со проектот „Растеме и учиме заедно“ ќе се настојува преку игра и забава да се поттикнат креативните вештини и знаења кај децата од руралните средини и да се влијае на нивниот ран детски развој.Затоа ќе биде задолжен високо образован и квалитетен стручен кадар. Општина Новаци многу функционира во образованието и социјализацијата на дечињата. Пред извесен период започна да функционира мобилна детска градинска во село Гермијан. Програмата општинско корисна работа се реализира втор пат во општина Новаци,првиот пат со проект за „Неформално образование на жените албанки“. 6