Информатор на општина Новаци 26 | Page 5

Градоначалникот Котевски на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) меѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската унија Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски како делегат присуствуваше на десеттата седница на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) меѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската. На состанокот се дискутираше за две значајни теми, за влијанието на локалните власти во проширувањето на ЕУ и за прекуграничната соработка.Беше потенцирано дека прекуграничната соработка е добра можност за подигнување на нивото на услугите на општините од РМ со општините од соседните држави. Општина Новаци има одлична соработка со соседните општини особено со општина Алмопиа од Грција со која веќе имплементира ИПА проект за заштита на културно-историското наследство. Министерот за локална самоуправа Тахир Хани истакна дека РМ има на располагање 27 милони евра средства од ИПА фондовите на ЕУ за прегугранична соработка од кои 70 отсто се искористени. Копретседавачот на Заедничкиот консултативен комитет градоначалникот на Канур, Франција Жак Бланк истакна дека ги поддржуваат напорите на Македонија за отворањето на преговорите за пристап кон ЕУ. - Ги поддржуваме вашите напори за учествување во заеднички проекти за соработка и истовремено ги мериме тие напори ш