Новаци го слави Свети Атанасиј
Синоќа и денес сите жители на
Новаци неуморно се подготвуваат
за куќната слава на селото Свети
Атанасиј.Непостои куќа и
домаќинство кое подготвува богата
трпеза за многубројните гости,
светат лепче и присуствуваат на
богослужба во црквата која го носи
името на светецот кој се празнува
Св.Атанасиј. „Во Новаци секоја
година на 14 и 15 мај се слави
верскиот чпразник Св.Атанасиј.Ова
за новачани е голем празник и го
слави секоја куќа во селото.
Верските празници се многу важни
за нас па секогаш кога имам
можност ги празнувам заедно со моите
сожители. “ рече Лазар Котевски,
градоначалникот на општина
Новаци.Свети Атанасиј Велики бил
Архиепископ Александриски. Роден е
во Александрија во 296 година.Уште од
детството бил наклонет кон духовниот
призив и многу придонесе за побивање
на Ариевата ерес и утврдување на
православието.Автор е на Симболот на
верата. По смртта на Александар,
Св.Атанасиј беше избран за
архиепископ Александриски каде
остана цели 40 години. Речиси сиот
живот беше гонет од еретиците. Мал е
бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како
Св.Атанасиј. Но неговата душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и
страшна борба. Господ го упокои во Своето Царство овој верен раб во 373 година.
15