Информатор на општина Новаци 25 | Page 12

МАРИОВО ТЕ ПОВИКУВА, ТВОЕ Е ДА ОДГОВОРИШ За некаде две недели од сега, секој од нас ќе има можност да искуси еден супер авантуристички настан кој ќе се одвива во прекрасната мариовска дивина. Единствено што треба ти и твoето друштво да направите, е да дојдете... На викендот 31.05/01.06.2014 во дивината на прилепско и битолско Мариово трета година за ред ќе се одржи вело настанот Мариово офф-роуд 2014 кој што претставува отворена манифестација за сите авантуристи и љубители на велосипедизмот, планинарењето и воопшто дружењето и уживањето во фантастичната природа која што ја нуди нашата земја. Дводневниот настан кој ќе се одвива во неоткриените делови на историско познатото Мариово ќе започне на 31 мај (сабота) со формирање на шаторски камп во околина на селото Манастир каде ќе започне дружбата која ќе трае во текот на вечерта со бендот The Hounds и неколку други диџеј настапи. Утрото на 1 јуни (недела) е закажан стартот на настаните кои се на репертоарот. Од велосипедизам, посетителите ќе можат да одберат една од трите тури за возење, две за планински велосипедизам и една за друмски која ќе се вози по асфалтниот пат низ селата во регионот, а дополнително ќе може да дојдат и оние кои сакат само да прошетаат на планина или пак можеби да трчаат по стапките на Крали Марко. 12