Информатор на општина Новаци 24 | Page 6

Свечено отворен Младинскиот работен центар во општина Новаци Во присуство на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски,активисти на НВО секторот од оваа општина Културно иновативниот клуб,Културно уметничкото друштво и „Младинска граѓанска акција, локално население и претставници од Америчкиот Мировен корпус свечено беше пуштен во употреба Младинскиот работен центар. „Невладините организации кои работат во општина Новаци досега немаа свој центар.Со овој проект општината им додели просторија на користење во игротеката која целосно е опремена со средства од SPA на Мировен корпус.Преку обезбедување на основни но и подобри услови за работа сметаме дека невладиниот сектор ќе постигнува поголеми резултати и ќе биде поуспешен во својата работа.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Со средствата од овој проектот комплетно е реновирана целата просторија, набавен е компјутер,три работни бироа,гардеробери, завеси, санитарен чвор и др. Покрај просторијата во игротеката планирано е комплетно реновирање и опремување на општинската сала и соблекувална каде ќе се опремат кабини, ќе се набави мебел, ќе се постави нова дограма нова електрична инсталација,вентилационен систем, осветлување и озвучување, промена на стариот под со нов од линолеум, набавка на театрална завеса со механизам и сл. 6