Информатор на општина Новаци 24 | Page 3

Започна реконструкцијата на регионалниот патен правец Новаци-Добромири На огромна радост на Добромирчани во присуство на министерот за финансии и министерот за транспорт и врски Зоран Ставревски и Миле Јанакиевски, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Ѓеоргиевски, кандидатот за пратеник Мирјана Кузмановска,мноштво жители и медиуми започна да се асфалтира фреквентниот регионален патен правец Новаци- Добромири во должина од 3 километри. „Со задоволство можев да ги надгледам работните активности на реконструкцијата на патот Добромири-Новаци која е во тек и која што ќе се реализира во наредните десеттина дена.Тоа е едно ветување кое го имавме дадено за жителите на село Добромири ,тоа ние ќе го испочитувавме, и еве сега ќе се реализира односно ќе се реконструира патот кој долги години бил во многу лоша состојба.Вредноста на инвестицијата е 7,5 милиони денари а средствата се обезбедени и Македонија пат и јавното претпријатие за патишта ќе ја завршат работата во следните неколку дена.“ изјави Зоран Ставревски, носител на листа од ВМРО ДПМНЕ за ИЕ 4. Министерот Ставревски најави комплетна реконструкцијата на овој регионален патен правец кој ги поврзува двете општини Новаци и Могила. „Сонот стана јаве. После долги години на овој пат се врши реконструкција во должина од 3 километри со средства од Владата а преку Македонија пат.Во наредните неколку дена ќе биди целосно асфалтиран.Асфалтирањето потоа ќе продолжи како што најави и вицепремиерот до петљата кај Тополчани во должина од 18 км во наредниот период.“ изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Реконструкцијата на регионалниот патен правец Новаци-Добромири чини 7,5 милиони денари, а средствата ги обезбеди Владата на Р Македонија. 3