Информатор на општина Новаци 23 | Page 7

Втор македонско-грчки координативен состанок во рамките на проектот „ Жива историја-жива природа“ од ИПА Програмата Се одржа вториот координативен состанок во рамките на имплементацијата на проектот „ Жива историја-жива природа“ од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 20072013 во општина Новаци. На состанокот присуствуваа градоначалниците на општините Новаци и Алмопиа, Лазар Котевски и Димитрис Пасоис, проектните тимови на двете страни и претставници од невладината ЦГИ. „Целта на денешниот проектен состанок е да се изврши мониторинг на досегашната имплементација на проектот Жива историја-жива природа за периодот ноември 2013 – март 2014 година но и да се воспостави соодветна комуникација за текот на активностите кои ќе следат во наредниот период.Двете општини имаме аплицирано за продолжување на овој проект во третиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка со кој повторно се предвидени некои реконструктивни зафати како на пример ќе се продолжи со реставрација на црката Св.Димитрија во