Информатор на општина Новаци 23 | Page 6

Дополнителен развој на општината, жителите очекуваат со најавената реконструкцијата на делница Новаци – Добромирци – Добрушево. Во рамки на посетата на општина Новаци, македонскиот претседател го посети и селото Добромири. Локалното насление истакна дека за нив е голема чест посетата од страна на Претседателот и изразија поддршка на неговите политики. Притоа, потенцираа дека Иванов е прв македонски претседател, кој по поранешниот претседател Борис Трајковски, го посетил нивното село. Жителите на Добромири, истакнаа дека досега спроведените проекти од страна на општината во голема мера придонеле за унапредување на животот во нивното село. Во разговорот со претседателот Иванов посочија дека неодамна во селото е изградено и модерно тениско игралиште, со што на младите им се овозможува правилен развој преку спорт и рекреација. 6