Информатор на општина Новаци 22 | Page 3

Започна да се асфалтира патниот правец од с.Живојно до манастирот Св.Илија Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во присуство на месното население и општинската админисрација го означи стартот на градежните работи околу асфалтирањето на патот од с.Живојно до манастирот св.Илија во должина од 1 км. „Во стратегијата и програмата на општина Новаци имаме планирано тековно одржување и асфалтирање на патишта и улици, но денешната активност ќе се реализира благодарение на средствата кои ги добивме од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Денеска започнуваме со асфалтирање на патот кој од с.Живојно води до манастирот св.Илија во должина од 1 км.Со оваа програма е предвидено асфалтирање на улици во Новаци и Бач како и започнатиот патен правец Брод -Гнеотино во должина од 3 км.Вкупниот износ на средствата од Агенцијата изнесуваат 30 милиони денари“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Жителите на пограничното село Живојно изразија големата благодарност до градоначалникот Котевски за неговото залагање и постојано вложување во инфраструктурата со што значително им се подобрува квалитетот на живот. „Ние жителите на село Живојно му се заблагодаруваме на градоначалникот Лазар Котевски за се што прави за нашето село и што секогаш ни излегува во пресрет и ни ги задоволува потребите онолку колку што може.Со изградбата на овој пат ние навистина многу ќе добиеме но секако дека тоа ќе биде и во корист на многубројните туристи кои доаѓаат и го посетуваат манастирот Св.Илија. “ жител на с.Живојно. Општина Новаци во наредниот период има планирано многу проекти кои ќе започнат да се градат како и свечено пуштање во употереба на многубројни веќе изгардени објекти. 3